среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 57

Русија изрази официјален протест до военото атеше на Турција

Според Министерството, активностите на турското Воено воздухопловство се сметаат за непријателски акт и се разгледуваат низа мерки за реакција при слични инциденти.

Русија изрази официјален протест до военото атеше на Турција

Русија изрази официјален протест до военото атеше на Турција

Поврзани вести

Русија изрази официјален протест до военото атеше на Турција поради нападот на турските авиони-ловци врз рускиот бомбардер Су-24, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Военото атеше при турската aмбасада во Москва беше итно повикано и до него е изразен официјален протест во однос на дејствијата на Военотo воздухопловство на Турција – наведува руското Министерство.

Според Министерството, активностите на турското Воено воздухопловство се сметаат за непријателски акт и се разгледуваат низа мерки за реакција при слични инциденти.

Воените акции против терористите во Сирија ќе продолжат – додаде пресслужбата на Министерството за одбрана.

Во меѓувреме, неколку десетици демонстранти се собраа денеска пред рускиот Конзулат во Истанбул, протестирајќи поради руските операции во реони на Сирија, каде живеат Туркмени, со кои Турците имаат етничка и јазична поврзаност.

Демонстрантите извикувале „Туркменистанските браќа не се сами“ и „Русија, убиец, замини од Сирија“.

Истовремено, демонстранти се собраа и пред турската aмбасада во Москва, носејќи транспаренти на кои пишува „Турција треба да одговара“, „Одмаздата е неизбежна“, „Убиените пилоти ликвидираа терористи, за да не умираат нашите и вашите цивили“.

Нападот врз рускиот воен авион ме повреди. Сакам да им порачам на турските власти дека за сите дејствија треба да се има одговорност – истакна еден од демонстрантите.

Најчитани вести