Словачка ќе ја тужи ЕУ поради квотите за бегалци

Словачка ќе ја тужи ЕУ поради квотите за бегалци
Словачка ќе ја тужи ЕУ поради квотите за бегалци

Словачка до средината на следниот месец ќе поднесе тужба во Европскиот суд на правдата поради планот на ЕУ околу квотите за распределба на бегалците и мигрантите, изјави портпаролот на словачкото Министерство за правда, Александра Доневова, објави МИА.

Министерството за правда, заедно со претставници на релевантни министерства, работи на подготовка на тужбата – истакна Доневова, додавајќи дека таа ќе биде поднесена пред 18 декември.

Словачка, која има 5,4 милиони жители, е една од неколкуте источноевропски земји кои остро се спротивставуваат на системот за квоти, чија цел е да се намали товарот од државите како Грција, Италија и Германија, кои примиле најголем број бегалци.

Според системот за квоти на ЕУ, Братислава треба да прими помалку од 2.300 бегалци.

Словачкиот премиер Роберт Фицо истакна дека најавената тужба „може да биде многу важна, имајќи предвид дека може да реши голем број прашања поврзани со односите на суверените држави и ЕУ, вклучувајќи го и правото на глас“.