Пукотници и ранети во заложничката драма во Франција (ВИДЕО)

Пукотници и ранети во заложничката драма во Франција
Пукотници и ранети во заложничката драма во Франција

Вооружен маж држи во заложништво неколку лица во северниот француски град Рубе, на границата со Белгија. Некои од учесниците во инцидентот имаат прострелни рани, јави Ројтерс повикувајќи се на медицински извори.

Се наведува дека меѓу заложниците има и деца. Радио станицата РТЛ наведува дека инцидентот се случил откако осомничените биле запрени на контролен пункт заради проверка на безбедноста.

Во тек е операција за ослободување на зложниците, соопшти извор од француската полиција.

francija

Тој нагласи дека пред отпочнувањето на заложничката криза од реонот се слушнале истрели.

Според истиот полициски извор, заложниците најверојатно се директор на една локална банка и неговото семејство.

Француските медиуми јавија дека реонот во кој вооружените лица ги држат заложниците е блокиран од страна на полицијата и дека на самото место пристигнале медицински и противпожарни возила, пренесе МИА.

Засега не е познато дали овој инцидент е поврзан со нападите во Париз од 13 ноември