Пентагон: САД се надеваат дека Русија и Турција нема да ги заострат тензиите

САД се надеваат дека Русија и Турција нема да дозволат заострување на тензиите меѓу нив заради соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските воздухопловни сили на сириската граница, соопшти Пентагон, пренесува ТАСС.

„Ги повикуваме Русија и Турција да ја намалат напнатоста, и за тоа да користат преговори, дипломатски средства и мерки за спречување на конфликт” во Сирија, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Питер Кук.

Според него САД продолжуваат да собираат податоци за случајот.