Медведев: Анкара предизвика заострување на односите меѓу Русија и НАТО

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев вчерашниот напад на турските военовоздухопловни сили врз рускиот авион „Су-24“ во Сирија го оцени како криминално дејствие.

 

„Неразбирливо криминалните дејствија на турските власти, кои соборија руски авион, предизвикаа три последици“, изјави тој,

-Прво, опасно се заострија односите меѓу Русија и НАТО, што не може да се оправдаат со никакви интереси, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници.

Второ, Турција со своите дејствија демонстрира дека всушност ги заштитува борците на Исламска држава. Ништо чудно, објасни тој, со оглед на податоците за директен финансиски интерес на некои функционери од Турција, поврзани со испораката на нафтени производи, произведени во фирмите на ИД.

-И трето, поткопани се долготрајните добрососедски односи меѓу Русија и Турција, меѓу другото во економијата и во хуманитарната сфера, подвлече Медведев.

Медведев смета дека тешко ќе може да се компензираат овие штети, дека е можно директно откажување од редица заеднички проекти и турските компании да ги загубат своите позиции на рускиот пазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.