Организаторот на нападите во Париз планирал напад во Дефанс

Абделхамид Абауд, осомничениот организатор на нападите во Париз, кој беше ликвидиран минатата седмица во Сен Дени, планирал да изврши самоубиствен напад со помош на соучесник во парискиот бизнис кварт Дефанс.

Нападот требало да биде извршен во седмицата по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица.

– По терористичките напади Абауд се вратил на местото на злосторството, поконкретно во концертната сала „Батаклан“, соопштуваат од париското Обвинителство.

Во исто време, од салата биле изнесувани телата на жртвите, а на местото работеле службеници на специјалните полициски единици.

На 13 ноември исламисти нападнаа ресторани и кафе барови во источниот дел на Париз, како и концертната сала „Батаклан“, а тројца терористи се разнесоа и кај „Стад де Франс“.