четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Ердоган: Не знаевме дека авионот е руски

Ердоган кажал дека турските ловци пукале на рускиот авион додека тој се наоѓал во турскиот воздушен простор. Toj паднал на теритоирја на Сирија, но, некои делови паднале и во Турција и повредиле двајца турски државјани.

ердоган

Поврзани вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјавил дека турското воздухопловство не знаело дека авионот е руски кога е соборен, пренесува „Раша тудеј“.

Освен тоа, Ердоган наведува дека Турција не сака ескалација со Русија поради соборувањето на авионот.

„Немаме намера да предизвикаме ескалација на тензиите околу овој инцидент. Ние само ја браниме нашата безбедност и правото на нашите браќа“, рекол Ердоган во Истанбул.

Тој сепак додал дека никој не може да очекува од Турција да молчи кога ќе дојде до повреда на нејзините граници.

Ердоган кажал дека турските ловци пукале на рускиот авион додека тој се наоѓал во турскиот воздушен простор. Toj паднал на теритоирја на Сирија, но, некои делови паднале и во Турција и повредиле двајца турски државјани.

За потсетување, турскиот амбасадор во ОН, Халит Чевик, кажа дека два авиони се наближувале кон турскиот воздушен простор и дека се предупредени 10 пати во рок од пет минути, да го променат правецот.

Чевик истакна дека двата авиони влегле 1,5 километри на територија на Турција и таму се задржале 17 секунди и дека не е познато од која држава потекнуваат авионите.

„По нарушувањето на простор, едниот авион го напуштил турскиот воздушен простор. На другиот авион е пукано додека се наоѓал во турскиот воздушен просто од авиони Ф-16 кои биле во патролна мисија на тоа подрачје“, стои во писмото на Чевик.

Но, руското Министерство за одбрана објави снимка која наводно докажува дека рускиот воен вион не влегол во турскиот воздушен простор, поради што е соборен.

Најчитани вести