недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Путин: Турција ја охрабрува исламизацијата на земјата

Putin130912

Поврзани вести

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сегашното раководство на Турција ја охрабрува исламизацијата на земјата.

– Проблемот не е во трагедијата, со која се соочивме вчера, тој е многу подлабок. Ние гледаме, дека сегашното турско раководство во последните години спроведува политика на поддржување на исламизацијата на Турција, вели Путин.

– Исламот е важна светска религија, една од традиционалните религии, вклучително во Русија. Самите ние го поддржуваме исламот и ќе продолжиме тоа да го правиме, но сега зборуваме за поддршка на радикални струи. Тоа само по себе создава многу неповолна средина, што на прв поглед не се забележува, оцени Путин, пренесува МИА.

Путин ја поддржа препораката на руското МНР до Русите, да се воздржат од патувања во Турција. Тој предупреди дека руските граѓани во Турција можат да бидат изложени на сериозна опасност.

Најчитани вести