Полицаец ладнокрвно убива црно момче во Чикаго (ВИДЕО)

Полицаец ладнокрвно убива црно момче во Чикаго
Полицаец ладнокрвно убива црно момче во Чикаго

На YouTube е поставено видео на кое се гледа како полицаец во Чикаго убива црнец тинејџер. Тој е обвинет за убиство на момчето во кое се испукани 16 куршуми.

Во последнава година, слични полициски злоупотреби предизвикаа расна нерпеливост и немири во повеќе американски градови.

Властите тврдат дека момчето се движело по улица со нож, и одбивал да ја послуша наредбата на полицијата за легитимација, но од снимката се гледа дека тој не прави никакво заканувачко движење кон полицијата. Кога момчето ќе се одалечи кон работ на улицата, полицаецот Џејсон Ван Дјук пука во него. Додека момчето лежи на улица, полицаецот продолжува ладнокрвно да пука. По објавата на снимката, во Чикако владее страв од немири.