„Мексикански Амигос“ и „Канцона“ избрани за најдобри угостителски објекти во Скопје

„Мексикански Амигос“ и „Канцона“ избрани за најдобри угостителски објеккти во Скопје
„Мексикански Амигос“ и „Канцона“ избрани за најдобри угостителски објеккти во Скопје

Град Скопје ја продолжува традицијата и во соработка со Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, го реализираше проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите. Овој проект се спроведува осум години, а плакетите на најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Целта на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“ е да се издвојат најпрестижните и најдобрите ресторани и гостилници во градот, што секако ќе биде поттик за подобрување на квалитетот на услугата, односот со гостите, како и на целокупниот амбиент во сите угостителски објекти во Скопје. Тајните купувачи, ангажирани од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје ги завршија трите обиколки на 100-те угостителски објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми и според изнесените резултати ме загрижува податокот дека имаме пад на квалитетот на услугите, односно при завршниот контакт на келнерите со гостите и им порачувам на сите угостители да ја подобрат услугата, бидејќи ние како Град ќе продолжиме да го организираме овој проект и ќе ги изнесувме во јавност придобивките, но  нема да ги премолчуваме и лошите оценки. Сепак, ме радува фактот што за еден процент, односно од 4% се зголемила на 5% оценката за давање  фискални сметки во угостителските објекти на територијата на градот Скопје, изјави градоначалникот Трајановски.

Годинава за најдобри ресторани се избрани: 1.„Мексикански Амигос“; 2.„Буши“ и „Венето“, кои го делат второто место поради остварен ист резултат и 3.„Маргер“, а најдобрите три гостилници се: 1.„Канцона“; 2.„Бисера Ив“ и 3.„Рори“ (Ројал Рустикана).

Кристијана Ивановска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 30 октомври, од вкупно 100 угостителски објекти, 15 гостилници се  со високи  над 90% и  19 ресторани, и потенцираше дека и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати,  односно под 50 %.

Со проектот и година беа опфатени 50 ресторани и 50 гостилници на територијата на градот Скопје, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваа според следниве  критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на  вработените со гостите.

Резултатите од истражувањето  беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.

Проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.