сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Најдено исчезнатото момче од Ченто

1392403441000-Missing-graphic

Поврзани вести

Најдено исчезнатото момче од Ченто. Дваесет и шест годишниот скопјанец по кого беше распишана објава за Исчезнато лице во понеделникот бил најден од страна на полицијата.

Имено, М.Д. бил најден во понеделникот во 19.00 часот во Тетово на ул.„М.Тито“, во близина на хотелот „Лираку“. Тој, како што информира МВР, со потврда за предавање на лице бил предаден на неговиот родител Б.Д.(55) од страна на полициската станица во Тетово.

Инаку, случајот во полициската станиcа Гази Баба, на 21-ви месецов го пријавил 28-годишниот брат на момчето, Б.Д.

Според неговата изјава М.Д. на 17 месецов од домот во населбата Ченто, се одалечил во непознат правец.

 

Најчитани вести