ВИДЕО: Исламска држава му се закани на светот!

Нова видео снимка е објавена на Интернет, во која Исламска држава им се заканува на сите држави кои се борат против џихадистите.

На оваа листа со знамиња се најде и Македонија, затоа што се приклучила кон “ѓаволската коалиција“, која се бори против џихадистите на Блискиот исток.

Џихадистите во прв план ги ставија Соединетите Американски Држави и нејзините најблиски соработници, нив директно им се обраќаат во порака, но кога наведоа слики од “ѓаволската коалиција“ ги имаше знамињата на Македонија, Србија, Грција, Хрватска и останатите европски земји!

– Америка, тврдиш дека имаш најсилна војска која светот некогаш ја има видено. Можеби имаш бројна и добро наоружана армија, но на твојте војници им недостасува одлучност и волја, сеуште се сеќаваат на болните порази во Авганистан и Ирак… Ти и твојте ѓаволски соработници само дојдете, ние го имаме најјакиот сојузник а тоа е Алах! – порачаа исламистите.