недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 18

Голем интерес кај младите во Македонија за образование и работно искуство во земјите од ЕУ

vladata-so-nova-merka-kje-gi-stimulira-studentite

Последни вести

Едукација, стекнување на интернационални работни искуства, волонтерство и подобрување на менаџерските компетенции во земјите од Европската унија, се главните теми на интерес на младите од Македонија. Начинот и можностите како да се зголеми квалитетот и соработката меѓу младите од Македонија и оние од земјите од ЕУ е главна тема на ATOQ семинарот, што од 24-ти до 29-ти ноември 2015 се одржува во Скопје.

Тренингот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во соработка со националните агненции од Унгарија и Турција, како и Салто центарот на ЈИЕ. На семинарот учествуваат младински работници и млади луѓе кои биле дел од тимови за организација или работеле како лидери на групи во најмалку една младинска размена и доаѓаат од различни страни од светот: Турција, Велика Британија, Финска, Холандија, Литванија, Унгарија, Полска, Белгија, Италија, Шпанија, Естонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Тренинг курсот има за цел да се зголеми квалитетот на младинските размени. Базиран на претходни искуства, меѓународна група на младински работници и лидери ќе се фокусира на квалитетот и подобрување на менаџерските компетенции, со што ќе се придонесе за подигнување на квалитетот на мобилноста во програмата Еразмус плус.

Овој напреден тренинг е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и стекнување практични работни искуства во земјите од Европската Унија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во чии рамки се одвиваат активностите на Еразмус плус програмата, годинава обезбеди 4,7 милиони евра за аплицирање на едукативни програми во земјите од ЕУ. Конкурсот за пријавување е во тек.

Најчитани вести