Двојното убиство во Охрид било за долг од 4.500 илјади евра

мера никого да убијам отидов да си ги барам парите. Ромео беше или пијан или дрогиран се закануваше со пиштол, рече Бојан Петрески во Основниот суд во Охрид.

Второобвинетиот Ристе Силјаноски, кој се товари за помагање при убиство во својата одбрана кажа дека не очекувал ниту знаел дека ќе се случи немилиот настан.

После убиството под закана и од  страв го возел убиецот во својот автомобил.

-Сметам дека во текот на постапката од изведените докази и од тоа денес ќе докажеме негова невиност со оглед на фактот и околностите под кои тој преземал некои дејствија. Ние очекуваме ослободителна пресуда, изјави Димитрија Цобоски бранител на второобвинетиот.

Според обвинението двојното убиство се случи лани на 21 август во мотелот Император во Охрид кога Бојан по кратка расправа за пари го уби 38 годишниот Ромео Ѓузелоски а веднаш потоа и  56 годишниот Васил Ристески.

Петрески бил решен да го изврши убиството  и тоа го направил ладнокрвно, по што мирно заминал  од местото на настанот, смета обвинителот.

Првообвинетиот после убиството беше во бегство, во соседна Албанија  каде после шест  месеци беше приведен и екстрадиран во земјава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.