понеделник, 2 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Програма за поддршка на развојот на женското претприемништво

Програмата е поддржана од амбасадите на Холандија во Македонија, Албанија и Косово.

Програма за поддршка на развојот на женското претприемништво

Програма за поддршка на развојот на женското претприемништво

Последни вести

„Брилијантни претприемачи“ е насловена програмата за поддршка на развојот на женското претприемништво, чиј прв модул беше отворен вчера во Велес. Учествуваат десет жени-претприемачи од Македонија и по пет учеснички од Албанија и Косово.

Програмата е поддржана од амбасадите на Холандија во Македонија, Албанија и Косово. Преку три интерактивни модули во времетраење од седум месеци, учесничките под водство на холандски експерти ќе можат да ги унапредат своите менаџерски вештини и да се запознаат со најновите трендови во модерното менаџирање на компании.

– Првиот модул кој ќе се одвива оваа недела на локација во Велес, ќе се фокусира на идентификување на талентите на жените-претприемачи и поставување бизнис цели кои би сакале да ги постигнат во следниот период. Секоја од учесничките ќе добие насоки и поддршка за воведување на одредена иновација за својот бизнис која би била имплементирана во времетраењето на програмата, соопшти Амбасадата на Холандија во Македонија.

Во вториот дел на програмата, од 6 до 11 март следната година ќе биде организирана петдневна трговска мисија во Холандија во рамки на која жените претприемачи ќе се сретнат со потенцијални деловни партнери – жени претприемачи од Холандија и ќе стекнат нови знаења и искуства преку организирани посети на холандски компании кои се активни во сродни дејности и индустрии.

Покрај првата група од дваесет учеснички, дополнително ќе бидат вклучени и 20 млади жени претприемачи кои имаат желба да започнат свој сопствен бизнис. Тие ќе добијат поддршка за реализирање на својот план преку  лично менторство и советување во времетраење од седум месеци од страна на учесниците во програмата „Брилијантни претприемачи“.

Најчитани вести