Гамбино: Мафијата треба да го штити Њујорк од терористите

Мафијата би можела да заштити делови на Њујорк од Исламска држава изјави синот на мафијашкиот бос Џон, Џовани Гамбино и додаде дека заканата за растењето на глобалниот тероризам е шанса да ја покаже „својата добра страна“.

Федералното истражно биро (ФБИ) и полицијата се ограничени во она што го работат, често реагираат со задоцнување, немаат широка слика за она што се случува поради „недостаток на интелегенција“, рече Џовани Гамбино во интервју за холандско радио.

Мафијата и нејзините приврзаници се поврзани со населбите на смислен начин. Во оние делови на Њујорк каде влијанието на Сицилија е големо, припадниците на Исламска држава нема да бидат во можност да нападнат, рече Гамбино.

Тој додаде дека мафијата се грижи за нивните пријатели и семејството да бидат заштитени од екстремистите и терористите, а посебно до „бруталната организација која себеси се нарекува Исламска држава“.

Гамбино верува дека холивудските ѕвезди, како што се Ал Пачино и Роберт Де Ниро, мора да бидат повеќе ангажирани во јавноста против Исламска држава.