сабота, 31 декември 2016  |  Вести денес: 0

Петнаесет загинати во падот на хеликоптерот во Сибир

helikopter

Последни вести

Бројот на загинатите во падот на хеликоптерот Ми-8 на подрачјето на Краснојарската покраина во источен Сибир достигна 15 лица, додека 10 се наоѓаат во болница на интензивна нега.

– Во хеликоптерот се наоѓаа вкупно 25 лица, од кои 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци загинале 15 лица, а десет се на интензивна нега, изјави портпаролката на локалниот државен обвинител, Оксана Горбунова, пренесува МИА.

Таа додаде дека телото на еден од загинатите се уште се извлекува од остатоците од леталото.

Хеликоптерот се урнал кусо по полетувањето, на тешко достапен терен околу десет километри од градот Игарка и тој е речиси целосно уништен.

– Леталото падна во реката Јенисеј и моментално се наоѓа на мразот, соопшти локалната полиција.

Повредените се евакуирани во болницата во Игарка, а до таму со специјални возила за снег ги префрлиле спасувачите и локалното население.

Најчитани вести