среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 27

Поранешен министер породи жена во авион

poroduvanje

Последни вести

Малку се оние луѓе кои можат да се пофалат дека при породувањето им помогнала некоја важна личност.

Една од нив е девојчето родено во авион во текот на летот на релација Н’Џамена-Париз, кое дојде на свет со помош на поранешниот француски минситер за надворешни работи, Филип Дуст-Блази, соопшти француската авиокомпанија „Ер Франс“.

Како што јавуваат француските медиуми, бебето е родено во момент кога леталото се наоѓало над Алжир, два часа пред слетување на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.

На бремената жена при породувањето и асистираше една патничка и Дуст-Блаз, кардиолог по вокација и кој во својство на помошник генерален секретар на ОН се враќал од конференцијата на Светската здравствена организација.

„Ер Франс“ не предвидува никакви органичувања за бремените жени, а неговиот екипаж е обучен да помага при породување.

Францускиот авиопревозник, сепак, потсетува дека раѓањето во некои од неговите авиони не се здобиваат со некои бенефиции во поглед на купување билети.

Најчитани вести