НБА: “Сирота” Филаделфија – израмни многу неславен рекорд

Тимот од Пенсилванија го претрпе 26-от пораз во низа, сметајќи го и крајот на минатата сезона, со што го израмни најлошото достигнување на НФЛ тимот Тампа Беј Баканирс од 1976 година.

Поразот од 80:84 од Бостон беше 16-ти од почетокот на новата сезона, па на Сиксерси сега им недостасуваат два за да израмнат уште еден негативен рекорд, оној на Њу Џерси Нетс кој изнесува 18 порази на старт од нова кампања.

Интересно е тоа што Филаделфија до почетокот на последната четвртина имаше предност и постоеја изгледи да ја прекине лошата низа, но се се урна во тие 12 минути кога Бостон направи пресврт и дојде до триумфот. Гостите немаа одговор за Ајзеа Томас кој постигна 30 поени, па бадијала беше солидното издание на Окафор кој заврши со 19 реализации.

НБА Резултати:

Орландо – Њујорк 100:91
Шарлот – Вашингтон 101:87
Бостон – Филаделфија 84:80
Детроит – Мајами 104:81
Торонто – Кливленд 103:99
Хјустон – Мемфис 93:102
Милвоки – Сакраменто 118:129
Минесота – Атланта 99:95
Оклахома – Бруклин 110:99
Сан Антонио – Далас 88:83
Феникс – Њу Орлеанс 114:120
ЛА Клиперс – Јута 91:102