Ренци: Италија ќе се бори рамо до рамо со Франција против тероризмот

Италија ќе се бори „рамо до рамо“ со Франција, истакна италијанскиот премиер Марио Ренци, кој додаде дека е потребно да се формира погранична коалиција за да се уништи Исламска држава и „ужасниот проект кој таа го претставува“.

На средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд, Ренци рече дека Либија мора да има приоритет бидејќи постои опасност баш таа земја да стане итен случај.

Оланд оваа недела покрена кампања за формирање на силна коалиција против Исламска држава по нападот на 13 ноември во кој се убиени 130 и повредени повеќе стотини лица.

Тој денеска ќе отпатува на состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а веќе разговараше со американскиот претседател Барак Обама.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.