ТОП,Македонија

Министeрството за транспорт нуди бесплатни проекти за изградба на куќи (ВИДЕО)

Министeрството за транспорт нуди бесплатни проекти за изградба на куќи (ВИДЕО)

Министерството за транспрт и врски  изработи шест проеки за типски куќи кои бесплатно ќе им ги понуди на сите заинтересирани граѓани кои сакаат да ја искористат оваа можност, со што во старт би заштедиле од 900 до 2000 евра, кои се потребни за изработка на архитектонски проект.

Бесплатните проекти за изградба на куќа се достапни уште од денеска , а можат да се подигнат од Министерството за транспорт и врски и од веб страницата  www.mtc.gov.mk.

Проект ќе добие секој кој е заинтерсиран и нема ограничување за локацијата за градење, доколку таква можност овозможува Деталниот урбанистички план.

На располагање се проекти за шест типа на куќи со површина од од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 квадратни метри, со разработена  статика, електрика, машинство и противпожарна заштита. Се работи за главни проекти со разработена статика, електрика, машинство и противпожарна заштита. Kuka 2 Kuka 5 Kuka 6

Покрај намалување на трошоците за градење, со оваа владна мерка ќе се намалат роковите за вадење одобрение за градење од причина што проектот е веќе познат на општината што го издава одобрението за градење.

Тоа значи дека секој кој сака да гради куќа на пример од овој тип, ќе може од Министерството за транспорт да подигне готов проект и со него да поднесе одобрение за градење. Единствено инвеститорот ќе треба да изготви геодетски елаборат. Постои и можност да се направи корекција на основниот проект во зависност од сопствените желби и потреби на инвеститорот, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој додаде дека со мерката за субвенционирање на проектите не сакаат да направат конкуренција на проектантските куќи, туку да им помогнеме граѓаните кои сакаат да заштедат во тек на градбата.