СДСМ бесрамно лаже дека во Македонија умираат 3.997 бебиња годишно

Нема крај на понижувањата на СДСМ. Беа понижени од стручната фела на јавната расправа за смртноста на доенчињата која ја покренаа во Собранието, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Сега се понижени и од официјалната статистика која вели дека во третиот квартал од годинава смртноста кај доенчињата, во споредба со истиот квартал од минатата година е намалена за 40%.

СДСМ бесрамно лажеше дека во Македонија умираат 3.997 бебиња годишно.

Околу бројот на доктори по сите градови и села во Македонија, еве уште малку од најпроблематичната тема за СДСМ во последните 10 години – математиката.

Во 2004 имало вкупно 30 специјализации во тек. Во 2015 се доделуваат 308 специјализации и 75 суб-специјализации само по огласот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Ги покануваме да пресметаат колку пати се содржи 30 во 308.

Резултатот ќе е одговор и на прашањето зошто губат 9 изборни циклуси по ред, зошто популарноста на нивниот лидер е падната за рекордни 30% за четири месеци и зошто соодносот ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ е 24:12.

За манипулативните некрофилни калкулации на СДСМ им остануваат уште само 149 дена. На 24 април следува казната од народот.