Можностите за инвестирање во Македонија претставени пред 150 кинески фирми

тој посочи дека се одржаа и одделни средби со петнаесетина компании и очекува дел од тие средби да резултираат со конкретни резултати и во иднина.

Вицепремиерот Пешевски се осврна и на посветеноста за развивање на трговските односи на Македонија со НР Кина и склучувањето на протоколот за извоз на смрзнато јагнешко месо произведено во Република Македонија во НР Кина кој беше потпишан денес во Пекинг.

vlado

Денес директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски потпиша протокол со соодветните служби на кинеската држава за извоз на смрзнато јагнешко месо од Република Македонија со што се зголемуваат можностите за продлабочување на соработката.

Убеден сум дека НР Кина како втора економија во светот и една од најбрзорастечките економии, е вистинско место да се посети сега, бидејќи како што се отвораат сега постепено кон другите пазари токму оние земји кои ќе успеат сега успешно да се презентираат и да образложат добри проекти ќе може да остварат поинтензивна соработка и тоа е нешто што го цениме и е во интерес на граѓаните на Република Македонија, изјави Пешевски.

Присутните претставници на кинеските компании дадоа позитивна оценка за презентираните можности за водење бизнис кои ги има нашата земја.

Ванг Јанг од компанијата Кина камкеи инжињеринг, кој веќе бил во неколкудневна посета на Македонија и е заинтересиран за развивање на соработка во повеќе области, изрази задоволство од односот на македонската Влада кон бизнис заедницата и добрата бизнис клима.

Македонија има една од најдобрите бизнис клими за правење на бизнис и верувам дека преку нашиот бизнис партнер Еуромакс и Владата на Македонија може да развиеме многу успешен бизнис. Бев во Македонија пред две недели и