Стипендии за студентите кои ќе се запишат на еден од 100-те најдобри универзитети

Петта година по ред Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука ги стипендира македонските граѓани кои што ќе успеат да се запишат на 100-те најдобри универзитети во светот.

Со ова, продолжува поддршката за сите оние кои што одлучуваат своите знаења, компетенции и способности да ги стекнат во интернационално окружување, на некој од врвните светски универзитети а потоа стекнатиот интелектуален капитал да го инвестираат во општествено-економскиот просперитет на Македонија

Ова за нас претставува една крупна инвестиција со оглед на тоа што студентите потоа имаат обврска да се вратат и таа своја капитална образована инвестиција да ја инвестираат во Република Македонија, подвлече заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

За добивање на стипендијата потребно е кандидатот да е државјанин на Македонија, да не е корисник на стипендија од друг давател, да има постигнато одреден успех во текот на претходното образование и да е примрен на студии во некој од  најдобрите 100 универзитети во светот.

Кандидатот треба да се запише на прв, втор и трет циклус на студии во академската 2016/2017 година на еден од најдобрите 100 универзитети во светот според Шангајскиот Џио Тонг универзитет, во областа на правните науки, техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката.

Максималниот износ на кој што го поддржуваме е до 40.000 долари по студент заедно со месечниот надомест и трошоци за превоз. Со ова покажуваме исклучителна решителност за продолжување на имплементацијата на овој проект со кој Република Македонија е единствена земја во регионот која што го реализира овој проект и уште еднаш во оваа прилика би сакал да апелирам до  сите заинтересирани да се пријават на конкурсот, подвлече Ристовски.

По завршувањето на студиите кан