Милошоски: СДСМ за да дојдат на власт би тргувале со националните интереси

ВМРО-ДПМНЕ има генерален став, а тој е „Република Македонија е според нашиот Устав е независна, самостојна, каде што суверенитетот произлегува од граѓаните“, истакна Антонио Милошоски од владејачката партија.

Знаеме за СДСМ како беше односот кон националното знаме, знаеме каков беше односот на СДСМ кон уставното име на Република Македонија и знаеме каков беше односот на СДСМ кон територијалната поделба и политичкото прекројување на границите на нашата држава. Имаме сомнеж дека и понатаму го имаат истиот став се со цел да дојдат до власт би можеле да тргуваат со националните интереси на Република Македонија, истакна Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.