Идеите од граѓаните се пракса за првпат воведена на македонската политичка сцена

Во општина Кривогаштани вечерва се одржа трибина во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „На Македонија и треба твојата идеја“ на која присуствуваше министерот за здравство, Никола Тодоров.

Тодоров истакна дека концептот на собирање идеи е практика која ВМРО ДПМНЕ ја воведе на македонската политичка сцена.

Концептот е да излеземе пред граѓаните и да ги слушнеме нивните идеи и проблеми, потенцираше Тодоров.

За постојната програма на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во најголем дел се реализира и најголем дел од ветувањата се реализирани.

Во здравството над 100 милиони евра инвестиравме во нова опрема и над 100 милиони евра инвестираме во реконструкција. Отворивме Државна кардиохирургија после 40 години и за првпат отворивме Детска кардиохирургија. Намалена е цената на над 4700 лекови. За само неколку години изградени 392 локални патишта во должина од 735 километри, над 8000 трансформации во редовен работен однос на просветни работници, се дел од проектите на Владата кои ги нагласи Тодоров пред присутните на трибината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.