среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Постои опасност ИД да ја нападне секоја земја од коалицијата против неа

id

Последни вести

Нови убиствени атентати во Европа, како и на други места низ светот, се веројатни и можното објаснување за нив е дека Исламска држава предизвикува крвави пресметки со сите земји од антиисламистичката коалиција, изјави европскиот координатор за борба со тероризмот Жил де Керхоф во интервју за весникот „Фигаро“.

-Врз основа на добиените разузнавачки податоци не сум убеден дека ќе има други напади, но кога човек се наоѓа против 5.000 европски и странски борци, подготвени во Сирија, таквата веројатност постои, признава координаторот.

Во последните недели ние гледаме промена на стратегијата: 100 убиени во Анкара, 250 загинати во рускиот авион, соборен над Синај, педесетина убиени во Либан, 130 убиени во Франција и 13 убиени во Тунис и за сите атентати одговорноста ја презеде Исламска држава, потсетува Де Керхоф.

„Долго време ИД беше повеќе загрижена од тоа да изгради свој калифат во Ирак и во Сирија отколку да го напаѓа Западот. Знак на слабост или не, но сега ИД се обидува да покаже дека продолжува да победува на други фронтови“, посочува експертот.

-Можно објаснување на сето ова е дека ИД решила да преземе соодветни активности против сите земји од  групата, која сега и се спротивставува. Турците, Французите, Русите, Тунижаните, сите тие дури во септември се приклучија кон коалицијата против ИД, посочи Де Керхоф.

Европскиот координатор упати предупредување кон европските престолнини, кои се сметаат за најмалку изложени на ваква опасност.

-Една земја, која има малку или нема државјани заминати во Сирија, може да се смета за помалку изложена на ризик и чесно кажано тоа е точно. Но никој, исто така, не го очекуваше атентатот во Бургас во 2012 година. Овој напад на военото крило на Хезболах требаше да му ги отвори очите на цел свет. ИД може исто така да има вакви ќелии во, на пример, Полска или во Чешка. И како што ние постојано констатираме, европските борци на ИД се перфектно обучени да не бидат фатени од радарите, рече Де Керхоф.

Најчитани вести