Две сириски деца загинаа во Егејско Море

Две сириски деца загинаа во нов инцидент со чамец со мигранти, кои се обидувале да стигнат до грчкиот брег преку Егејско море.

Петнаесет лица се спасени од крајбрежната стража откако нивниот чамец се превртел во немирното море во близина на Бодрум. Меѓу спасените е и едно четиригодишно девојченце.

Во водата се најдени телата на две сириски деца.

Во чамецот патувале 20-тина лица.

Спасувачката операција е се уште во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.