Американски специјалци стигнаа во северна Сирија

Американски специјалци стигнаа во северна Сирија
Американски специјалци стигнаа во северна Сирија

Припадници на специјалните единици на САД пристигнале во северна Сирија, каде што ќе ги обучуваат силите на умерената сиријска опозиција и курдските борци против ИСИС.

Припадниците на армијата на САД дошле во Кобане и во покраината Хасаки, каде што ќе ја обучуваат новооснованата арапско-курдска коалиција.

САД кон крајот на октомври најави дека ќе испрати специјални сили кои ќе ги обучуваат борците во борбата против ИСИС, и дека ќе покренат копнени воени акции доколку е тоа потребно.

Американците на почетокот на октомври ја сменија програмата за обука и снабдување на сириските бунтовици, бидејќи за вложени 500 милионии долари се обучени само 60 борци, наместо планираните 5.400.