Во Куманово запленети лажни парчиња Дизел, Адидас, Луј Витон…

Во Куманово запленети лажни парчиња Дизел, Адидас, Луј Витон...
Во Куманово запленети лажни парчиња Дизел, Адидас, Луј Витон...

При претрес и контрола во два објекта во Куманово, пронјдено е поголема количина на текстилна стока со сомнително потекло, а означена со трговски марки Дизел, Риплеј, Армани, Адидас, Луј Витон, Живенши, Барбери, Шанел, Томи Хилфигер, Гучи, Ла Кост и Левис.

Во првиот случај, поолицијата извршила претрес во домот на М.С.(53) во Куманово, при што во подрумски простории на семејната куќа е пронајдена поголема количина на текстилна стока наредена на рафтови и една фискална каса. Од извршениот преглед од страна на Претставникот на трговските марки констатирано е дека во продажба се нуди текстилна стока од сомнително потекло означена со трговските марки: Дизел, Риплеј, Армани и Адидас, која што е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се вкупно 200 парчиња (фармерки, јакни, комплет тренерки и дуксерки) и четири најлон кеси со копчиња, етикети и ознаки од трговските марки Дизел и Риплеј. Од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека М.С во куќата врши трговска дејност продажба на текстилна стока преку правното лице ДПТУГ„ ЊУ-ЛОК“ Куманово, а немал поднесено пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на трговска дејност за што му се изречени глоби во износ од 4.700 евра.

zaplena1

Во вториот случај извршена е контрола во бутик „Лондон“ во Куманово, со кој стопанисува друштвото ДПТУ „ЛОНДОН ОНЕ“ ДООЕЛ Куманово, сопственост на Ј.Џ.(30) од Куманово. Од извршениот преглед на робата од страна на Претставникот на трговските марки констатирано е дека во продажба се нуди текстилна стока со сомнително потекло означена означена со трговските марки: Луј Витон, Живенши, Барбери. Шанел, Армани, Томи Хилфигер, Гучи, Ла Кост, Дизел и Левис, која што е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се вкупно 55 парчиња (кошули, блузи, фармерки и тренерки).

zaplena2

По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.