Расте вехабизмот и радикалниот исламизам во БиХ

Се повеќе се засилува идеологијата на вехабизмот и радикалниот исламизам во најмалку 28, главно селски населби во БиХ, објави порталот на бањалучкиот весник „Независне новине“.

Овој бањалучки дневен весник, како што тврди, го има списокот со локации од кој е видливо дека радикалните исламисти свое засолниште нашле во 17 општини, и тоа во шест кантони.

Најмногу такви населби денеска има во Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), каде потенцијална опасност е означена во дури 14 села и градски предградија, и тоа на подрачјето на Зеница, Жепча, Завидовиќ, Маглај и Тешањ.

Меѓу евидентираните точки во ЗДК се наоѓаат и од порано познатите меѓу вехабистите Шеричи, кај Зеница, како и селото Горња Бочиња, кај Маглај, па и Ошве, кое пред неколку месеци го етикетираа како расадник на џихадисти, од кое и старите и младите заминуваат да се борат за Исламска држава.

Во Тузланскиот кантон (ТК) селефиите живеат во одделни населби на подрачјето на општините Грачаница, Калесија, Живинице и Сребреник, на која му припаѓа и Горња Маоча, најозлогласеното вехабиско гнездо во БиХ, во кое не така одамна се виореше и знамето на свирепата терористичка организација.

Луѓето чиј начин на живот е со децении оддалечен од 21 век се населени и во три села во УСК, и тоа кај Цазин, Бихаќ и Велика Кладуша, кај која се наоѓа и Босанска Бојна, каде, како што некои тврдат, имот си купиле Билал Босниќ, кој неодамна беше осуден на седум години затвор, како и повеќе негови следбеници.

Кога станува збор за Среднобосанскиот кантон, алармот се крева над едно село и две мали селца кај Травник и Доњи Вакуф, вклучувајќи го и Мехуриќи, кои пред неколку години беа споменувани како локации во кои радикалните исламисти се обучуваат за ракување со оружје.

Во сличен контекст се споменува и Босанскоподрињскиот кантон, односно местото