„Гардијан“: Зошто Турција го урна рускиот авион по само 17 секунди?

Две третини од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион
Две третини од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион

Рускиот авион се наоѓал само 17 секунди во турскиот воздушен простор, пред нападот од страна на турскиот авион, дури и да се утврди дека Анкара е во право. Упади во воздушниот простор се случуваат постојано и генерално се очекуваат предупредувања, а потоа следи настојување леталото да се принуди да го напушти просторот или да се приземји, наведува „Гардијан“.

Тоа што турските воени сили го собориле авионот само по 17 секунди, при што и претседателот Реџеп Тајип Ердоган кажа дека лично наложил да се пука во авионот, сугерира на тоа дека тие чекале рускиот авион да влезе или доволно да се приближи на турскиот воздушен простор, со цел да упатат „пиротехничка“ порака, наведува „Грдијан“.

Турскиот претседател изјави и дека Турција поинаку би реагирала дококу знаела дека воениот авион, кој го соборија, бил руски.