петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

Катар и отвори врата на Македонија за олимписките квалификации

Сега, единствен услов македонските ракометари да играат во квалификациите е, на претстојното Европско првенство во Полска, на почетокот на следната година, да нема изненадување, односно, една седумте европски селекции кои завршија пред Македонија на Мундијалот во Катар, да се закитат во титулата Европски шампион.

5000rakomet

Последни вести

Македонската ракометна репрезентација, може да се радува што Катар стана шампион на Азија. Со триумфот на Катар над Иран со 28-19 (15-11) во финалето од азискиот шампионат, оваа земја директно обезбеди пласман на Олимписките игри во Рио, а што е уште поважно и отвори можност на репрезентацијата на Македонија, преку квалификации да се избори за место на Олимпијадата.

Сега, единствен услов македонските ракометари да играат во квалификациите е, на претстојното Европско првенство во Полска, на почетокот на следната година, да нема изненадување, односно, една седумте европски селекции кои завршија пред Македонија на Мундијалот во Катар, да се закитат во титулата Европски шампион.

Така, македонските симпатизери покрај тоа што првенствено ќе ги бодрат црвено-жолтите на ЕП во Полска, тие ќе навиваат и за: Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска, Германија или Словенија, да стигнат до европскиот трон, а со тоа да ја промовираат македонската репрезентација во учесник во квалификациите за ЛОИ.

Македонија на Европското првенство кое почнува на 15 јануари, за противници ќе ги има актуелниот светски шампион Франција, домаќинот Полска и репрезентацијата на Србија.

Најчитани вести