недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Парискиот аеродром „Роаси – Шарл де Гол“отпушти 57 вработени поради радикални ставови

Полицискиот префект Филип Рифо, одоговорен за безбедноста на аеродромите во Париз, денеска на прес-конференција изјави дека ваквите мерки биле преземени по неколкуте терористички напади, извршени во земјата оваа година.

Парискиот аеродром „Роаси - Шарл де Гол“отпушти 57 вработени поради радикални ставови

Парискиот аеродром „Роаси - Шарл де Гол“отпушти 57 вработени поради радикални ставови

Последни вести

Раководството на главниот париски аеродром „Роаси-Шарл де Гол“ отпушти 57 вработени, осомничени за радикални ставови.

Полицискиот префект Филип Рифо, одоговорен за безбедноста на аеродромите во Париз, денеска на прес-конференција изјави дека ваквите мерки биле преземени по неколкуте терористички напади, извршени во земјата оваа година.

Тој појасни дека петмина од 57-те вработени, се отпуштени по неодамнешните напади во Париз на 13 ноември и додаде дека ќе следуваат нови откази.

Од почетокот на оваа година биле проверени 86 илјади лица, кои имаат пристап до затворените зони во аеродромот, а на проверка се подложени и соработници на француската Дирекција за внатрешна безбедност.

По воведувањето на вонредната состојба во Франција на 13 ноември во различните сектори на аеродромите, како и во компаниите кои се поврзани со нив, биле спроведени претреси, во кои биле отворени шкафовите на четири илјади вработени.

Најчитани вести