Македонија ја брани Европа преку коридор за заштита и помош

Издадени околу 320.700 потврди на странски државјани

Македонија станува дел од Европскиот коридор за  регулирање на протокот на бегалци и контрола на бегалската криза која зазеде големи размери. Во договор со Брисел, а по примерот на повеќе земји, како Унгарија, Словенија, и Македонија денеска почна да поставува безбедносна ограда на јужната граница, за спречување на илегалниот влез на мигрантите, но и за нивна контрола.
АРМ веќе започна со изградба на оградата чија единствена цел е насочување. На почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница.

Македонија со ова им помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици.

Како што претходно беше соопштено, Македонија ќе пропушта само бегалци кои доаѓаат од земјите опфатени со војна, како Сирија Авганистан и Ирак. Истата политика во моментот ја спроведува и Србија.

Врз основа на предлог и известување на Групата за проценка на ризици со која претседава директорката на ЦУК Сузана Салиу, Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците на вчерашната седница одлучил да се операционализираат заклучоците од националниот Совет за безбедност и на јужната граница со Грција да се преземат сите техничко-тактички мерки за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потврдуваат од Владата.

Оваа одлука подразбира да се преземат сите мерки и чекори за да се обезбеди канализирање на протокот на бегалците, што вклучува и подигнување на заштитна ограда на границата, велат од Владата, и потенцираат дека границата ќе остане отворена.

Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму, посочуваат  од Владата.

Во Управувачкиот комитет членуваат министерот за зздравство, Никола  Тодоров кој е и претсдател, министреот за одбрана, Зоран Јолевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спсовски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, заменикот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, претставници од Владата, кабинетото на ПРМ, АРМ и други институции.

Безбедносна ограда за заштита на национлните граници

Првиот чекор за ставање под  контрола на бегалската криза, го направи Унгарија, која прво почна да ја оградува границата со Србија, за полесна регистрација и проток на луѓето, но пред се’, да си ги заштити националните граници.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан изјави дека бранот бегалци во Европа ќе ги поткопа нејзините христијански корени и дека владите треба да воспостават цврста контрола на своите граници.

бегалци1

Првичното поставување ограда на Унгарија со српската граница, во европските кругови беше протолкувано како фашистичко и нехумано однесување на Унгарија, но не помина многу време, кога и други земји членки на ЕУ, ја „согледаа“ потребата од поригорозни селекции на бегалците и економските мигранти кои транзитираат кон Западна Европа.
Безбедносна ограда во моментот Унгарија има поставено и на границите со Словенија и со Хрватска. Словенија набргу постави ограда на границата со Хрватска, со образложение дека словенечкиот капацитет за прифаќање на бегалците е ограничен и дека Европа сè уште не може да ја реши бегалската криза со заеднички напори.

Претседателката на Хрватска, Колинда Крабар Китановиќ, исто така најави поставување на бодликава жица на границата, во зависност од тоа како ќе се одвива ситуаацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.