понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 62

Од скандал до скандал: Што сака да сокрие Спасовски?

Ангажманот на полиција во потрага по лица кои делат флаери со содржина против СДСМ, е вон секој памет и пред се' против законско. Се наметнува прашањето владее ли башибозук во полицијата и што тоа Спасовски се обидува да сокрие?

Спасовски прави хаос, па поднесува оставка

Спасовски прави хаос, па поднесува оставка

Последни вести

По новото скандалозно однесување на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, да ја политизира полицијата по партиска директива со нејзино ангажирање во потрага по лица кои делат флаери со содржина против СДСМ, што е вон секој памет и пред се’ против законско, се наметнува прашањето владее ли башибозук во полицијата и што тоа Спасовски се обидува да сокрие?

Проопозицискио порталот „Плусинфо“ објави текст во кој пишуваше дека МВР трага по групата која фрлала флаери против СДСМ, со што јасно се посочува дека Спасовски издал наредба полицијата да работи согласно насоките од „Бихаќка“ и да испитува кој делел флаери со изјави од лидерот Зоран Заев  во кои тој заговара воведување на албански јазик и во Струмица. Наспроти тоа, Спасовски кој очгледно е изгубен во просторот и времето, незнае дека делењето флаери не е кривично дело, туку напротив одраз на демократската состојба во една земја.

плусинфо

Откако некој Спасовски веројатно го вратил на колосек, МВР експресно изелзе со демант, но не за пишувањата на „Плусинфо“ кој тврди дека МВР трагала по групата која фрлала флаери против СДСМ, туку до медиумите кои го пренесоа текстот на овој портал. Со тоа Спасовски уште еднаш, само потрвди дека постапува спротивно од Законот.

Нетпрес повикувајќи се на извори од полицијата објави дека огромен бил револтот за ваквата постапка на Спасовски и голем дел од полицијата одбила да постапува. Спасовски, според нивните извори се соочувал со сериозен бунт доколку повторно се обиде по налог на Заев и Героски да издава незаконски наредби.

Инаку, од самиот старт кога Оливер Спасовски седна во министерската фотелја, предизвика хаос во МВР со одземање на пренесените овластувања на раководните лица во министерството, но го покажа и своето расипничко лице со тоа што уште првиот ден одбра луксузно „ауди“ за службено возило.

Најчитани вести