„Пулс 24“ застанува зад „Курир“ во борбата за медиумски слободи

„Пулс 24“ застанува зад Курир во борбата за медиумски слободи
„Пулс 24“ застанува зад Курир во борбата за медиумски слободи

Неприфатлива е вчерашната постапка на новиот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој преку демант за преземена вест од друг портал врши притисок и упатува отворени закани до „Курир“, пишува „Пулс 24“.

Во текот на вчерашниот ден, уредникот на порталот „Плусинфо“, Бранко Героски објави текст со наслов „МВР трага по групата која фрлала флаери против СДСМ“, по што „Нетпрес“ излезе со напис дека Героски ненамерно го открил обидот на техничкиот министер Оливер Спасовски да делува надвор од законот и да ја политизира полицијата по партиска директива“.

Истиот овој текст го превзедоа многу портали, меѓу кои и „Пулс 24“, бидејќи пишувањата на „Нетпрес“ преставуваат скандал и незаконско делување на министерот Спасовски. Неосновани се и невидени постапките на техничкиот министер, да врши притисок врз еден медиум за превземен текст.

По овие случувања „Курир“ најави дека ќе ги извести странските претставници во земјава и новинарските здруженија за овие неосновани притисоци. „Пулс 24“ не ги прифаќа ваквите фашистички испади на СДСМ и соросоидите. Сметаме дека ваквите постапки се сосема неприфатливи за едно цивилизирано општество во кое живееме.

Затоа „Пулс 24“ застанува зад „Курир“ во борбата за медиумски слободи, за во иднина да не се повторат вавки испади и обиди да се замолчат медиумите за партиски цели, пишува „Пулс 24“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.