„Евростат“: Mакедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

„Евростат“: Mакедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

Нова меѓународна потврда на здравите економски политики во Македононија. Европската служба за статистика пресмета дека нашата земја е четврта најмалку задолжена земја во Европа и со тоа практично стави крај на сите шпекулации и обвинувањата од страна на опозицијата дека земјава е презадолжена и на работ на банкрот, пишува „Лидер“.

Според Евростат, Македонија со државен долг од 36% од БДП во третиот квартал била четврта најмалку задолжена во Европа. Пред нас се само Естонија, Луксембург и Бугарија, а ние, четвртото место го делиме со Латвија.

Одговорност кон идините генерации

Македонија навремено ги сервисира обврските, редовно се исплаќаат плати, пензии, социјалните трансфери (нешто што порано не беше случај), капиталните инвестиции се зголемуваат со што се отвора работа за домашниот бизнис, се инвестира во развојот на целата држава. Буџетот е во здрава кондиција. Креаторот на државната каса, вицепремиерот Ставрески, оценува дека послениот извештај на Евростат е потврда на здравите економски политики.

„Овие податоци се најмеродавни за оценка на задолженоста на земјата и според нив, Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Ова покажува дека Владата со сегашните економски политики се однесува многу одговорно кон идните генерации. Важно е Македонија како мала економија да не биде високо задолжена земја, односно да остане во зоната на ниско до умерено задолжена“ – вели Ставрески.

За разлика од другите земји, како на пример Грција, Италија и Португалија, каде долгот се движи околу 130% (во Грција речиси 170%), Македонија успева да го одржува својот долг, па и да го намали за 2,2 процентни поени од крајот на 2014-та година, што покажува дека политиките се добро осмислени и долгорочно поставени.

Транспарентност во објавувањето на податоцитепари

Министерството за финансии ги објавува податоците на јавниот и за државниот долг на крајот од секој квартал, и тие можат да се погледнат на интернет – страницата на оваа институција. Според нив, третиот квартал од годинава сме го завршиле со државен долг од 36% (намален за 5,2 милиона евра во однос на претходниот квартал) и со јавен долг од 43,9% (зголемен за 0,2% во однос на претходниот квартал).

Кредитните агенции ја потврдуваат добрата позиција

И меѓународните кредитини агенции ги потврдуваат здравите економски политики во Македонија, што се гледа и од