„Евростат“: Mакедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

кредитниот рејтинг на земјава, што е и причина земјава на меѓународните пазари да позајмува пари под исклучително поволни услови.

Во услови кога на речиси сите држави од регионот (Хрватска,Србија, Турција, Бугарија, Словенија) им се намалува кредитниот рејтинг, агенцијата Фич ја потврди стабилноста на Македонија со рејтинг ББ+, што е десетта година по ред.

Нотирано е дека бизнис – климата е исклучително поволна, нешто што постојано го нотира и Светска банка во својот извештај „Дуинг бизнис“, невработеноста се намалува, банкарскиот сектор е ликвиден и добро капитализиран.

Потврда стигна и од „Стандард и Пурс“, Македонија има кредитен рејтинг ББ – , со стабилен изглед, што се толкува како исклучително добар сингал за странските инвеститори. Економскиот раст ќе продолжи, поддржан од капиталните инвестиции, странските директни инвестиции, од растот на извозот.

„Од 2010-та, извозната активност заедно со експанзивната фискална политика ја поддржаа економијата и се помогна во намалување на невработеноста“ – стои во извештајот на Агенцијата, при тоа се додава дека нивото на јавен и на државен долг е умерено, со високо ниво на девизни резерви, што обезбедува силна поддршка за одржување на фиксниот девизен курс, и банкарски сектор кој е стабилен, добро капитализиран и обезбеден со домашни депозити.

„Има евидентен прогрес, сетот мерки и активности кои ги направи Владата се рефлектираа позитивно на привлекувањeто странски инвестиции, на поддршката на домашните инвестиции и компании, а ова на крајот имаше влијание врз динамизирањето и остварувањето прилично добри економски резултати“ – објаснува универзитескиот професор, Дарко Лазаров.

Низок долг во време на инфраструктурен бум!

Македонија успева да одржува ниска до умерена задолженост во време на инфраструктурен бум, кога се градат три нови автопати, се реконстуираат постојни автопатски делници, се градат нови патишта, целосно со