„Евростат“: Mакедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

модернизира железницата со нови возови и нови пруги, во време кога се реконструираат болници, училишта, студентски домови.

„Овие резултати наидуваат на одобрување од значајните меѓународни институции и затоа Владата ќе продолжи со ваквите политики и во наредниот период“ – вели Ставрески.

Што велат бројките?

Добро поставените економски политики резултираат со позитивни резултати во повеќе сектори. Индустриското производство три месеци по ред регистрира високи стапки на раст (12,7% во август, 8,6% во септември и 13,1% во октомври). Се зголемува извозот од земјава, трговската размена станува поизбалансирана, покриеноста на увозот со извоз достигна 71%. Стапката на невработеност се спушти по 27%,  на историски најниско ниво. И во услови на голема политичка нестабилност и опасноста од грчката криза, земјава има раст на БДП од 3,2% во првиот квартал и од 2,6% во вториот квартал.

Брисел очекува Македонија да биде една од трите водечки држави во Европа кога е во прашање економскиот раст в година. Според прогнозата, растот на македонскиот БДП во 2016-та ќе изнесува 3,5 проценти, а годинава 3,2%.   ЕБОР оди со проекција од 3,5 проценти.

„Тоа е процент што не води некаде меѓу првите три земји,  според планираната стапка на раст во следните две години , после оние на Ирска и на Романија, што секако ќе се должи на одредени активности кои досега беа преземени  или  очекуваме да се преземат ,а кои првенствено се насочени кон  натамошното засилување на инвестициите во јавната инфраструктура, засилената домашна потрошувачка, што е позитивно изненадување, како  и извозот кој што ни доаѓа од страннските инвестиции, односно слободните зони“ – објаснува универзитетскиот професор, Томе Неновски.