Украинските доброволци ќе се борат во Сирија против Русите

Украинските доброволци ќе се борат во Сирија против Русите
Украинските доброволци ќе се борат во Сирија против Русите

Украинските доброволци од единицата „Азов“, подготвени се да заминат во Сирија и да се борат против вооружените сили на Русија, соопштил основачот на оваа единица, Андреј Билеци.

„Имајќи го предвид заладувањето на односите со Русија и тоа дека во Сирија се спротивставуваат руските и турските интереси, за Турција е сосема логично дека ќе бара контакт со Украина, како и Украина со Турција“, кажал Билецки, пренесува „Спутњик“.

Според неговите зборови, „Азов“ би можел да ја собере својата легија на странци и да се упати да се бори со западната коалиција во Сирија.
„Би можеле да се позабавуваме со Русите на ново поле, бидејќи кај нас во моментот на сила е прекн на огнот“, рекол Билецки.
Украински доброволци од „Азов“  со фотографија од Хитлер
Украински доброволци од „Азов“ со фотографија од Хитлер

Секретарот на Сојузот за национална безбедност и одбрана на Украина, Александар Турчинов, коментирајќи го инцидентот со рускиот борбен авион „Су-24“, истакнал дека турската војска „постапила професионално“.

Украинскиот политичар и олигарх, Генадиј Балашов, го повикал украиснкиот претседател Петро Порошенко, да им додели титула „Херои на Украина“ на турските пилоти кои го соборија рускиот авион.