Економски имигранти повредија 18 полицајци на јужната граница

Група на лица кои се водат како економски мигранти, односно мигранти кои согласно одлуките на европските земји и земјите од балканската рута не се пропуштаат за влез во Македонија, денес со употреба на насилство се однесува кон македонската полиција која физички согласно уставот и законите ја обезбедува јужната државна граница, пишува порталот „Курир“.

Економските имигранти  кои доаѓаат од Грција и се наоѓаат на грчка територија, фрлале со камења врз македонските полицајци и се обиделе директно и одблиску да ја нападнат полицијата со употреба на разни предмети.

Според полициски информации повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и штитови.

Зачудени сме од овој облик на насилство, имајќи во предвид дека границата е отворена. Повторуваме дека нашите одлуки за динамиката на протокот, при што се пропуштаат за транзит само лица кои доаѓаат од регионите кои се зафатени со воени конфликти, се условени од одлуките на другите земји на рутата кои ја пропуштаат само ова категорија на мигранти. Нема никаква причина за насилно однесување. Повторуваме дека оградата служи како дел од техничко-тактичките мерки за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, за да не се случат пропусти заради несоодветно регистрирање кои може да водат кон несакани безбедносни последици, вели висок извор од Владата, за „Курир“

Акцентираме дека наше право и должност е да ги заштитиме државните интереси и интересите на граѓаните на Република Македонија, но и да помогнеме на нашите пријатели од Европската Унија. Хуманоста и безбедноста не може да се попречуваат една со друга, туку одат заедно. Ние сме и за хуманост и за безбедност и така ќе продолжиме да се однесуваме , додаваат од Владата.

Експерти од областа на безбедноста не исклучуваат дека овие облици на насилство можат да бидат мотивирани од провокатори помеѓу мигрантите кои имаат скриена и сомнителна агенда, наведува „Курир“.

Повредените полицајци се надвор од животнаа опасностбрза-помош

Повредените полицајци се со полесни повреди и вонживотна опасност. Со цел подготвеност и навремено реагирање на здравствениот систем, поставено е уште едно возило на итна медицинска помош во пунктот во Гевгелија, а дополнителни екипи од Здравствениот дом Кавадарци, Велес, Скопје и другите здравствени домови  на ротациска основа ќе бидат дежурни во Центарот за итна помш во Гевгелија.