Делата на ВМРО-ДПМНЕ се видливи. Што СДСМ остави зад себе? Кој проекти тие го направија кога имаа можност тоа да го направат?, ја прашуваат СДСМ од владејчката партија.
Ви го пренесуваме интегрално нивното соопштение:
Во време на ВМРО-ДПМНЕ се намали невработеноста од рекордни 39% на 26,8%.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ се отворија десетици фабрики низ цела Република македонија.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ се отворија нови 140 000 нови работни места.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ се реконструираа и изградија нови училишта, градинки, болници, амбуланти, театри, спортски сали, игралишта и мноштво други проекти кои го подобрија живот на граѓаните и ги разубавија општините низ цела република Македонија.
Ова се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Што СДСМ остави зад себе? Кој проекти тие го направија кога имаа можност тоа да го направат?
Граѓаните можат да видат што ВМРО-ДПМНЕ направи и да споредат со тоа што СДСМ не успеа да направи во периодот кога беше на власт.
Граѓаните ќе го дадат својот суд на 24 април. Затоа СДСМ се нервозни бидејќи зад себе немаат дела и освен празни критики не умеат ништо друго да направат
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.