четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

ВМРО-ДПМНЕ: Mедиумите не се виновни за криминалот на опозициските функционери

Секоја навредa, клевета или закана кон медиумите е атак врз правото на јавноста да биде информирана. На овој начин СДСМ нема да може да спречи вистината да допре до граѓаните.

вмро

Последни вести

ВМРО ДПМНЕ ги осудува нападите на СДСМ врз медиумитe, се вели во денешното соопштение од партијата.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Секоја навредa, клевета или закана кон медиумите е атак врз правото на јавноста да биде информирана. На овој начин СДСМ нема да може да спречи вистината да допре до граѓаните.

Mедиумите не се и не може да бидат криви за криминалните досиеја на партиските функционери.

Затоа и ние и граѓаните прашуваме:

Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице со досие од областа на насилниот криминал?

Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице кое е осудено со казна затвор од 3 месеци или една година условно доколку не го повтори делото?

Дали медиумите лажат дека имало судски процес во Основниот суд Битола против него?

Дали во тепачката која е предмет на кривичен прогон на едно лице со нож му е пробиено левото белодробно крило?

На овие прашања СДСМ мора да и одговори на јавноста.

Нема бегање од овој одговор. Ако СДСМ не сака да одговори, ќе го чуе одговорот на народот кој е веќе јасен. Тоа го покажуваат сите анкети.

За 147 дена народот на СДСМ ќе им пресуди безусловна казна.

Најчитани вести