„Курир“: Спасовски на полицијата и подметна лица осомничени за криминал

„Курир“: Спасовски на полицијата и подметна лица осомничени за криминал
„Курир“: Спасовски на полицијата и подметна лица осомничени за криминал

Промовирајќи пред полициските безбедносни сили партиски кадри на СДСМ гонети за организиран криминал, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се чини дека сериозната мигрантска криза сака да ја злоупотреби за политичка промоција, пишува „Курир“.

Имено, Спасовски вчера ги посети полициските службеници кои ја обезбедуваат јужната граница придружуван од Панче Орцев, член на СДСМ и актуелен пратеник кој беше обвинет за сериозен криминал.

Потегот на Спасовски сам по себе ги наметнува прашањата дали техичкиот министер сака да ја злоупотреби мигрантската криза за политичка промоција, но и да упати дискретнапорака до полициските службеници дека во иднина нема да смеат да постапуваат во истраги против лица кои се појавуваат како дел од негова придружба.

За потсетување, пред неколку месеци медиумите пишуваа дека Орцев и е познат на јавноста по кривичната пријава за затајувањето на данок во вредност од 112 илјади евра во времето кога како директор на ЈПКД Комуналец – Струмица продавал дуќани во локалот Глобал.

Според обвинителниот акт КО бр 221/2013 во текот на 2008 година обвинетиот Орцев