„Курир“: Спасовски на полицијата и подметна лица осомничени за криминал

како управител на струмичкото кумунално претпријатие во име на претпријатието не платил ДДВ во вкупен износ од 7.486.273 денари за тоа што во периот од 1 јуни 2008 до 30 јуни 2008 продал 38 дуќани во ТЦ Глобал за 41.590.407 денари, кои не ги евидентирал во книговодствената евиденција, не ги впишал во годишната даночна пријава не пресметал и платил ДДВ, наведува „Курир“.

Во време на неговото директорување со ЈП комуналец Струмица тој беше запомнет во јавноста како човек кој во голем број на случаи давал тендери и склучувал договори со фирми кои се во сопственост на високи функционери на СДСМ или се во блиски релации со Зоран Заев.

Во јавноста беше обелоденето дека за склучен договор во вредност од 3 625 053 денари со фирмата ДИКОР, која е во сопственост на Димчо Иванов , сопругот на Цветанка Иванова која е поранешен координатор на СДСМ во Собрание. Комуналец на чело со Орцев на ден 27.05.2011 исплатува 3 625 053 денари на фирмата ДИКОР ЦД ДООЛ Струмица, за партерно уредување на кванташкиот пазар во Струмица. Исто така, јавноста беше запознаена и  за склучен договор во вредност од околу 1 милион денари со фирмата Еленица  која е во сопственост на фамилијата Заеви, и во чиј Управен одбор се Вице Заев, брат му на Зоран Заев и Трајче Заев, братучед на лидерот на СДСМ.

На списокот на добитници на тендери од Комуналец, во времето кога директор е Панче Орцев се јавува и фирмата Јавор-Шпед, која е во сопственост на фамилијата Крстеви, а Горан Крстев  се јавува како бизнис партнер на Заев во случајот „Глобал“, за кој Заев беше аболициран од Бранко Црвенковски. Панче Орцев давал тендери и на братучетката на Зоран Заев, Убавка Заева и тоа за набавка на корнишони од Тргопродукт, на фирмата Пелагонија каде што 36% сопственост има Трајче Заев, кој е братучед на Зоран Заев, како и на Клико градба на Кољо Клисаров, кој е близок соработник на струмичкиот градоначалник.

Покрај Орцев, лице осомничено за сериозен криминал друштво на техничкиот министер Спасовски вчера му правеше и Сашо Поцков претседател на СДСМ Гевгелија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.