ВИДЕО: Племе кое го убива секој кој ќе им се приближи!

ВИДЕО: Племе кое го убива секој кој ќе им се приближи!

Во Бенгалскиот залив има група од острови кои се наречени Андамани, а на еден од нив, Северен Сентинел, живее домороден народ кој одбива било каков контакт со надворешниот свет.

Северен Сентинел е мал остров, голем приближно колку и њујоршкиот Менхетн. Тој ѝ припаѓа на Индија и гледано од воздух делува навистина импресивно – како уште еден неодолив тропски остров со песочни плажи. Но, туристите таму никогаш не стапнуваат.

Всушност, на овој остров живее племе кое упорно одбива поврзување со остатокот од светот, пишува Daily Mail.

pleme

Токму од таа причина за Сентинелците не се знае многу, освен дека станува збор за народ од собирачи и ловци, односно група луѓе која се занимава со лов, риболов и собирање на плодови. Тие се доброволно изолирани и непријателски настроени кон сите кои што ќе се приближат, а тоа се главно љубопитните авантуристи или локалните рибари.

Голем дел од островот е прекриен со шума, а западната цивилизација се откажала од истражувањата поради опасните корални гребени кои го опкружуваат островот. Сентинелците често ги нарекуваат уште и “племе од каменото доба” бидејќи не го промениле својот начин на живот веќе илјадници години.

Се претпоставува дека островот е населен веќе 60.000 години, а индиската влада забрани било какво приближување на оддалеченост помала од три наутички милји, откако во неколку наврати безуспешно се правеле обиди за да се воспостави комуникација со домородците. Биле извршени и неколку неуспешни експедиции во кои на домородците им биле оставани подароци на брегот со надеж дека тие ќе го променат нивниот непријателски став кон гостите. Сепак тие експедиции завршиле трагично бидејќи биле убиени неколку лица. Всушност, и телата на убиените луѓе останале на островот, а од хеликоптер било забележано дека тие биле погребани во плитки гробови.

pleme2

Нивниот јазик не ѝ припаѓа на ниедна група, а не се знае ниту колку се на број. Се претпоставува дека се од 40 до 500 членови, но не е познато ниту какви биле последиците од големиот земјотрес и цунамито во 2004-тата година, освен тоа што било потврдено дека има преживеани.

Организацијата Survival International извести дека во случај да се воспостави комуникација, за членовите на ова племе тоа би било погубно бидејќи тие немаат развиен имунитет кон најобични сезонски болести, но и болести како што се на пример сипаниците. Сè уште се поставува прашањето уште колку долго оваа изолирана група ќе издржи да живее без влијание од надворешниот свет, но засега секако нема причини за сомневање во нивната способност за одбрана.

Извор: Точка