Телото на рускиот пилот ќе и’ биде предадено на Русија

Две третини од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион
Две третини од Турците го одобруваат соборувањето на рускиот авион

Телото на рускиот пилот, кој загина во вторникот кога турското Воено воздухопловство го собори неговиот авион, доцна синоќа од Сирија е префрлено во Турција, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу, објави МИА.

На прес-конференцијата што ја одржа во Анкара, пред да замине на Самитот ЕУ-Турција во Брисел, Давутоглу нагласи дека по барање на Москва телото на загинатиот пилот ќе и биде предадено на Русија.

Со телото се постапува во согласност со православните обичаи – нагласи Давутоглу.

Турскиот премиер истакна дека е неопходна комуникација меѓу страните вклучени во операциите во Сирија, со цел да се избегнат нови инцидент, како овој со уривањето на рускиот авион,

Во Сирија дејствуваат различни коалици со разлини цели, па затоа е потребна интензивна размена на информации и координација за да не се случат нови инциденти – доададе Давутоглу.

pilot-rusija

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.