За осум месеци ИД и’ продала нафта и гас на Турција во вредност од 800 милиони долари

Во изминативе осум месеци џихадистичката група Исламска држава (ИД) на Турција и продала ирачка нафта и гас во вредност од 800 милиони долари, по цени двојно пониски од оние на светските берзи, изјави еден од лидерите на ирачката шиитска коалиција „Држава на законот“, Мувагак ел Рубај,

 Во последните осум месеци на црниот пазар ИД на Турција и продала нафта и гас од Ирак во вредноста од 800 милиони долари и тоа по цени за 50 отсто пониски од цените на светските берзи. Тоа е оној кислород што ја одржува ИД во живот и ако го прекинеме доводот на тој кислород ќе успееме да ја задушиме – изјави Рубај, кој е поранешен советник за национална безбедноста на ирачката Влада.

Вчера и Сирија ја обвини Турција дека купува нафта од ИД по пониски цени во замена за достава на оружје.

erdogan