Кредибилитетот на СДСМ да зборува за безбедноста заврши со фотосесијата на Заев на местото каде што гинеа бранителите

Наместо да ги посети повредените бранители, со него во Диво Насеље си го зеде и послушникот Оливер Спасовски заедно да си прават фотосесија на местото каде што гинеа бранителите, изразувајќи сочуство на измислени погинати цивили. Тука завршува кредибилитетот на СДСМ да говори за безбедноста и состојбите на јужната граница, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ насочени кон Никола Тодоров.

Зоран Заев призна дека лажел кога ја напаѓаше полицијата за непрофесионалност во Диво насеље. Додека Оливер Спасовски се среќаваше со Андреј Жерновски и се криеше од медиумите возејќи се во новото Ауди, полицијата беше неколку дена каменувана, без техничкиот министер да изусти ниту збор.

Впрочем јавноста не ни очекува од СДСМ и Спасовски да имаат разбирање за состојбите на јужната граница. Јавноста знае дека во вакви ситуации СДСМ се експерти само за правење фотосесии на местата каде полицајците гинат или трпат тешки повреди.

Што се однесува до здравството би сакале да се сетиме на една инвестиција или реформа, но за жал не можеме. Во време на ВМРО-ДПМНE се инвестирани 100 милиони евра во реконструкција и изградба на болници, вложени се 100 милиони евра во набавка на современа опрема, намалена е стапката на смртност кај новороденчиња во споредба со времето на СДСМ, зголемени се платите на здравствени работници, зголемен е бројот на едукации во реномирани странски здравствени центри, бројот на доделени стипендии е неколку кратно поголем и уште стотици други мерки. Ваквите мерки во време на СДСМ ги немаше бидејќи парите во тоа време наместо во здравството одеа на бисери за министерките како Шекеринска и нејзините колешки од СДСМ.

СДСМ знае дека граѓаните го гледаат сето тоа и можат да направат компарација. Затоа СДСМ се нервозни. Судот на народот ќе се случи на 24 април и тогаш катастрофално ќе биде поразена малициозната и деструктивна политика на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.